Во црвен фустан нашата прва дама блесна пред кралицата Летиција, која важи за модна икона – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/22 12:16 PM

Во црвен фустан нашата прва дама блесна пред кралицата Летиција, која важи за модна икона

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска вчера вечерта присуствуваше на свечената вечера, која во чест на лидерите на земјите-членки на НАТО, учесници на Самитот, ја приредија Кралот на Шпанија Н.В. Фелипе Шести и неговата сопруга Кралицата Летиција.

За кралицата Летиција, кога станува збор за стилот немапотреба да се зборува, таа секогаш е пофалена за изгледот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @royally_yourz


Но, неа вчера вечерта и парираше нашата прва дама, Елизабета Ѓоргиевска, која за оваа пригода одбра црвен фустан, која ја следи нејзината линија.

Нашата прва дама се одлучи за овој фустан, изработен од Никоја Ефтимов и не погреши. Достојно парираше на првите дами на светските лидери.


Не е прв пат Ѓоргиевска да биде пофалена за нејзиниот изглед на светски настаи, кој внимателно го бира.

Она што е најинтересно, е што таа секогаш избира да носи парче облека од домашен дизајнер, како и овој пат со црвениот фустан, кој го искомбинира со иста боја чевли и чанта.