Кога ќе ве скрши тагата не бегајте од неа: Моќни цитати од индискиот гуру Ошо! – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/22 9:00 PM

Кога ќе ве скрши тагата не бегајте од неа: Моќни цитати од индискиот гуру Ошо!

Ошо или Багван Шри Раџниш еден од најпознатите индиски духовни водачи тврдел дека не е добро да се игнорираат тажните емоции, туку е важно да се запознаме со нив за да може да ги сфатиме.

„Кога ќе ти се појави тага, биди тажен до крај. Не обидувај се да избегаш од тоа, доволи го тоа и соработувај со неа. Биди тажен без отпор, без судир, без борба“, изјавил Ошо.

„Исто така, кога ќе ти се појави среќа во животот, прифати ја на истиот начин, силно. Биди воодушевен, но не држи се за неа грчевито, таа нема да остане тука засекогаш. Така ќе ја пропуштиш. Впрочем, среќата ќе се врати“, се надоврзал тој.

Ошо додал дека тагата и дава на личноста длабочина, а среќата ни дава висина. Тагата дава корени, додека среќата дава гранки.

„Среќата е како дрво кое оди во небото, а тагата е како корен

И едното и другото е потребно. Што повисоко е дрвото, толку поголеми  ќе бидат и корењата. Тоа значи рамнотежа, односно едното без другото не постои. Среќата и тагата ни се потребни за да растеме како личности, тоа е природен процес“, додал тој.

Ошо живеел од 1931 до 1990-та година. Тој бил влијаетелен индиски духовен водич. Како млад интелектуалец, учел од разни од разни учители посветени на верските традиции. Студиите ги завршил во 1955 година, а две години подоцна станал и универзитетски професор. Тој ги учел своите ученици целосно да живеат во светот, а да не се врзани за него.