Боже, спаси ме! Сопругот на Кортни Кардашијан итно пренесен во болница – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/22 10:41 AM

Боже, спаси ме! Сопругот на Кортни Кардашијан итно пренесен во болница

Сопругот на реалити ѕвездата Кортни Кардашијан, Тревис Баркер, е примен во болница од непознати причини, јавуваат странските медиуми.
Според ТМЗ, Тревис со брза помош бил пренесен во болницата Вест Хилс. Кортни била со него цело време.
Сè уште не е познато зошто тапанарот завршил во болница, а неговите обожаватели ги загрижи неговата последна објава на Твитер во која тој само кратко, без дополнителен контекст напиша:


„Боже, спаси ме“.
Да потсетиме, ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан минатиот месец се омажи за музичарот Тревис Баркер во Италија. Познатиот рокер ги шокираше фановите бидејќи на својата Инстаграм сторија објави слика од долната облека на својата миленичка со неговото име.
Тапанарот беше хоспитализиран во 2018 година поради згрутчување на крвта во рацете. Имал и бактериска инфекција која може да предизвика оток, воспаление и болка.

Во 2008 година учествувал во авионска несреќа, по што се здобил со изгореници од трет степен на поголемиот дел од телото, а во таа несреќа загинале шест лица.