Ријана стана амбасадорка на Барбадос – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/18 11:24 AM

Ријана стана амбасадорка на Барбадос

Владата на Барбадос ја прогласи пејачката Ријана за амбасадорка  на нејзината родна земја. Нејзините обврски во склоп на функцијата ќе опфаќаат промовирање на образованието, туризмот и инвестициите во оваа островска држава.

Пејачката рече дека не може да биде повеќе горда откако владата на Барбадос ѝ ја додели оваа титула.

„Ријана чувствува голема љубов за Барбадос што може да се забележи според нејзините активности, посебно во областа на здравството и образованието. Исто така таа покажа голем патриотизам во начините на кои ѝ помага на нејзината земја“, рече премиерката на Барбадос, Мија Мотли.

„Секој човек од овој остров има своја улога во акцијата, а јас сум подготвена и возбудена да ја преземам одговорноста која ми е доделена. Се радувам на тоа што ќе имам можност да работам со премиерката Мотли и нејзиниот тим за да го поправиме имиџот на Барбадос“, рече Ријана.