Дете(8) дури осум дена поминало во канализација, го открил случаен минувач – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/22 9:00 AM

Дете(8) дури осум дена поминало во канализација, го открил случаен минувач

Исчезнато момче (8) од Германија било пронајдено живо откако повеќе од една недела било во канализација. Момчето Џо исчезна од дворот на неговата семејна куќа во Олденбург на 17 јуни, по што беше започната голема полициска потрага.

Тој бил пронајден во саботата наутро, кога случаен минувач слушнал бучава од под капакот на шахтата, пишува Би-Би-Си.

Полицијата исклучи какво било кривично дело. Според полицијата, момчето се вовлекло во канализацијата на денот кога исчезнало.
„Најважно е што е жив и веднаш е префрлен во болница каде е во добри раце. Сите можеме да здивнеме“, додаде Куме.
Неговиот татко за локалните медиуми изјавил дека на момчето е добро, со оглед на околностите. Иако имало многу шпекулации за тоа како момчето завршило во канализацијата, полицијата во вторникот соопшти дека тој се вовлекол внатре и изгубил ориентација.

Пожарникарите го извлекле од канализациска шахта, на 300 метри од неговата куќа, пренесува дневник.хр.

Фото: Принтскрин видео