Босанската музичка легенда Халид Бешлиќ завршил во болница, дознава порталот „Аваза“.
Му бил вграден стент во „Центар за срце“ во Сараево.
Оваа информација за порталот „Аваза“ ја потврдила и сопругата на Халид, Сејда.
– Добро е, се чувствува одлично, како да нема ништо. Утре се враќа дома – изјави Сејда Бешлиќ за „Аваз“.
Халид Бешлиќ во 2017 година ги извести медиумите дека неговото здравје не е многу на завидно ниво, но дека не планира да се повлече. Бешлиќ рече дека лекарите го исплашиле со лоши тестови на крвта.
– Шеќерот си го направи своето – рече тој пред неколку години, додавајќи дека турнејата што ја планирал таа година може да му биде последна.
Фото: avaz.ba