Баба заборавила куфер на автобуска, а мислеле дека има бомба – „Нема бомба има само облека“, смируваат од МВР – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/22 2:48 PM

Баба заборавила куфер на автобуска, а мислеле дека има бомба – „Нема бомба има само облека“, смируваат од МВР

Екипи на полицијата вклучувајќи и специјални сили пристигнале на Меѓународната автобуска станица во Скопје, откако бил забележан оставен куфер веднаш до банкоматот.

Од МВР за МИА потврдиле дека денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународната автобуска станица – Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер.

– Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за едно лице кое го оставило куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните, соопштија од МВР.

 

МИА