Роналдо се понудил, но Интер го одбил, не сакаат да му платат 20 милиони евра годишно – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/22 2:37 PM

Роналдо се понудил, но Интер го одбил, не сакаат да му платат 20 милиони евра годишно

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо ги понуди своите услуги на Интер. Според „La Repubblica“, Португалецот преку своите застапници ги понудил своите услуги не само на Рома, туку и на Интер.

„Нероаѕурите“ го одбија 37-годишниот Португалец, бидејќи не се подготвени да му платат околу 20 милиони евра годишно што ги добива во Јунајтед.

На одлуката на Интер влијаеше и претстојното враќање во клубот на Ромелу Лукаку.

Сега италијанскиот клуб има цел да потпише договор со уште еден поранешен напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала.

Минатата сезона Роналдо постигна 24 гола и оствари три асистенции на 39 натпревари за Манчестер јунајтед во сите натпреварувања.

МИА