„Венко на апарати“: Лиде Лиде го кани Адеми на кафе со попуст во здрав филџан – Зовреа социјалните мрежи – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/22 2:04 PM

„Венко на апарати“: Лиде Лиде го кани Адеми на кафе со попуст во здрав филџан – Зовреа социјалните мрежи

Топ тема се уште е дивеењето на пратаникот Арбер Адеми вчера во Собрание. Неговиот замав со филџан, тацна и шише вода денес се главна тема на социјалните мрежи.

Меѓу многу коментари е и коментарот на најголемата обожавателка на екс министерот Венко Филипче, познатата Лиде Лиде, која со молбата на кафе на министерот не забавуваше додека живеевме во корона страв.

По насилството на Адеми вчера во Собрание, Лиде се обиде „да го смири“ со покана за кафе.

Таа преку својот профил му се обрати на Адеми:

-Најде и ти со кого да пиеш кафе…  Дојди јавно те канам кафе раат да пиеме…со попуст, напиша Лиде, објавивајќи фотографија со Адеми преку која е испишано- на кого бе ти 120 денари за мало макијато!

Под оваа објави на Лиде врие од коментари:

„Не го викај бе овој на кафе, ќе те мавне со филџан“, „Не паѓај толку ниско со овој“, „Го правиш ли Венко љубоморен“, „Венко на апрати“…

Ја прашавме дали веќе завршила љубовта кон Венко, а таа рече:

-Неееее, никако. Ова е само да го смирам Адеми, не е убаво човек да се нервира, додаде таа.