ЕУ ја продолжи употребата на сертификатот за Ковид-19 до јуни 2023 година – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/22 1:18 PM

ЕУ ја продолжи употребата на сертификатот за Ковид-19 до јуни 2023 година

Советот на ЕУ денеска даде зелено светло за продолжување на користењето на дигиталните сертификати за Ковид-19 до 30 јуни 2023 година.

Проширувањето на таа регулатива ќе обезбеди дека патниците од ЕУ, како и оние од трети земји поврзани со системот, ќе можат да продолжат да го користат својот дигитален сертификат на ЕУ за патувања во Унијата во земјите-членки каде што тие сертификати и понатаму се потребни.