Изборот на диета што популарната убавица Анџелина Џоли го избра за себе и за своите деца го згрози целиот свет.
Анџелина моментално снима филм во Камбоџа, од каде потекнува нејзиниот најстар син Медокс, а на тоа патување ги однела и своите деца. Во сетот уживаат на необичен начин, а посебно внимание посветуваат на подготовката на храната. Користат храна која се наоѓа во нивната околина, а на мени има скорпии, пајаци и бубачки.
“You want to share a spider?” – Angelina Jolie cooks bugs in Cambodia 🕷https://t.co/5mSi3VNErT pic.twitter.com/OZ12DjpyJD
— BBC News (World) (@BBCWorld) February 20, 2017
Анџелина за време на интервју за Би-Би-Си сподели видео на кое може да се забележи како познатата актерка подготвува ручек за своето семејство.
– Уживаа да јадат скорпии, особено Шајло. Таа сака тарантули и бубачки. Сите мои деца можат да јадат вреќа штурци како вреќа чипс, навикнати се на тоа. Сега учам како подобро да готвам инсекти со малку зачин – изјави актерката и ја згрози јавноста.
ИЗвор: курир.рс
Фото: Твитер/Би Би Си