Зошто се будиме поуморни отколку пред да легнеме? Пијалок што наутро ќе ви ги разбуди сите сетила! – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/22 8:47 AM

Зошто се будиме поуморни отколку пред да легнеме? Пијалок што наутро ќе ви ги разбуди сите сетила!

Ќе се изненадите како една едноставна комбинација на намирници, кои секако ги имате во домот, може да ви помогне да се чувствувате многу подобро уште од раните утрински часови.
Колку пати сте се разбудиле поуморни наутро отколку кога одите во кревет? Верувале или не, решението за ваквата состојба е при рака, а го советуваат многу нутриционисти кои тврдат дека е исклучително вредно за целиот организам.

Станува збор за напиток кој се прави со цедење на половина лимон во чаша топла вода. Може да го намали крвниот притисок и дополнително да го хидрира организмот, а освен тоа енергијата буквално за миг расте.
– Свесни сме за многуте придобивки од пиењето вода, но ќе биде уште поздраво ако во неа додадете малку лимон. Водата наутро го хидрира телото и го намалува крвниот притисок, а доколку ви недостига енергија, испијте шолја топла вода со половина исцеден лимон.

Освен со вода, можете да го подигнете нивото на енергија и со соодветна грижа за спиење. Затоа, оставете најмалку три часа да поминат помеѓу последниот оброк и одењето во кревет. На тој начин вашето тело целосно ќе ја свари храната пред спиење. Ако се обидете да заспиете час или два по оброкот, нема добро да се одморите бидејќи варењето го нарушува мирниот сон – објаснува нутриционистот Ајслин Кембриџ.
Другата работа на која предупредуваат нутриционистите, а која исто така црпи енергија се вештачките засладувачи. Според нивното мислење, тие можат да бидат полоши по здравјето од природните шеќери“.
– Некои мислат дека се што кажува дека „без шеќер“ е поздрава и подобра опција, но всушност е полоша. Таканаречените „диетални“ пијалоци содржат состојка наречена аспартам, која нашето тело не знае како да ја преработи. Затоа негативно влијае на цревата. Тоа е далеку поштетно од обичниот шеќер – објасни Кембриџ за Миррор.

republika.rs