(Видео) Од трговскиот центар во Кременчук остана само печката за согорување – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/22 9:13 AM

(Видео) Од трговскиот центар во Кременчук остана само печката за согорување

Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз преполниот трговски центар во Кременчук се искачи на 18, соопштија украинските власти.

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат утринава додека работниците ги демонтираат оштетените згради за да ги извлечат оние кои се уште се затрупани под урнатините.
Судејќи по видеото кое беше објавено на Твитер, на местото каде што се наоѓаше трговскиот центар остана само печката за согорување. Целата структура е уништена. Спасувачите неуморно работеа во текот на ноќта, обидувајќи се да спасат што е можно повеќе луѓе.

Украинската државна служба за итни случаи доставила информација околу 7 часот по локално време, потврдувајќи дека во нападот загинале 18 лица, меѓу кои и едно лице кое им подлегнало на повредите во болница, пренесува Гардијан.

Уште 59 лица побарале медицинска помош, а 25 се примени на интензивна нега во болницата во Кременчук.

Во спасувачките операции беа вклучени 440 луѓе, меѓу кои 14 психолози и 70 единици, додава агенцијата.