Во засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија, вчера се санкционирани 709 возачи за возење со брзина над дозволената.
Од нив 69 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 366 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 343 надвор од населено место, соопшти МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.