Македонскиот работник ова не може да го издржи, порача Дарко Димовски, претседател на ССМ – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/22 10:43 AM

Македонскиот работник ова не може да го издржи, порача Дарко Димовски, претседател на ССМ

Утрово Скопје беше во сообраќаен хаос поради штрајкот на ССМ, кој  ја блокираше Автокоманда.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пред новинарите рече:

-Денеска Сојузот во знак на револт е на раскрсницата пред Земјоделскиот факултет  во населбата Автокоманда каде што покажува дека одлучно стои на неговите барања, кои во моентов се неопходни – 2806 денара од 01.07  како и враќање на регресот, изгубеното право одамнина во јавниот сектор од 30 до 100 проценти од просечната плата. Денеска го кажуваме тоа и се извинуваме на сите граѓани во државата, но ова што го правиме денеска навистина е неопходно бидејќи денеска се најавува нова цена на струјата, ценовните шокови по продавниците се исти, енергетска криза, нафтена криза и што понатаму да зборувам, рече тој и додаде:

-Единствено упатувам апел и до централната и до локалната власт да го прифатат ова барање – линеарно зголемување на платите. Да постапат уште веднаш. Македонскиот работник не може да го издржи сето ова како ценовните шокови, енергетски кризи, па и во поново време нафтената криза, рече Димовски.