(видео) Во октомври застаруваат 480.000 вакцини против Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/22 12:35 PM

(видео) Во октомври застаруваат 480.000 вакцини против Ковид-19

Интересот за вакцинирање против Ковид-19 е низок и покрај трендот на благ пораст на трендот на нови случаи на заболени. Потврда за ова стигна од министерот за здравство, Беким Сали, кој во емисијата Стадион на Канал 77 соопшти дека четири месеци истекуваат роковите на набавените вакцини.

-Вакцините со кои располагаме рокот им истекува до крај на октомври и тоа на 380.000 дози вакцина од Фајзер и 101.000 од Модерна што ни се донација од Хрватска. Тоа значи  на вкупно 480.000 дози на вакцини им истекува рокот на крај на октомври. Ние сме спремни сме за вакцинација, но за жал, нема интерес кај на граѓаните, изјави Сали.

Во однос на недобивањето на средства од Солидарниот фонд на ЕУ, од кој Македонија беше изоставена бидејќи не потрошила доволно пари за третман на Ковид, Сали вели дека не бил во Министерството во тоа време и не е запознат. Како лекар и граѓанин за потрошените пари од граѓаните кои приватно се лекуваа или купуваа лекови, министерот за здравство вели дека во тој општ хаос, беше непознат причинителот, лекарите не знаеле кои се најдобрите постапки, цело време имаше адаптирање на методологии и во тој општ хаос и граѓаните условно кажано се претеруваше со примање на дози витамини, за кои не беше кажано дека имаат резултати. Сали рече дека не може да потврди дека се набавуваа лекови на црно од Косово и други земји, но дека секој делуваше како знае.