(видео) Сали: Последен пат Позитивната листа на лекови е обновена во 2010 година, додека светот ја дополнува на 6 месеци! – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/22 11:34 AM

(видео) Сали: Последен пат Позитивната листа на лекови е обновена во 2010 година, додека светот ја дополнува на 6 месеци!

Фрапантен е податокот дека Позитивната листа на лекови последен пат со три нови лекови е дополнета во 2012 година. Оваа листата е создадена и непроменета во 2010 година, кога актуелниот министер за здравство Беким Сали ја потпишал како претседател на УО на ФЗОМ. Затоа, сосема оправдан е револтот на пациентите, кои одвојуваат по неколку илјади денари месечно за да ги набават лековите што им се потребни.
Министерот за здравство Сали во емисијата Стадион на Канал 77, потврдува дека Позитивната листа на лекови е непроменета цели 12 години.
-За жал, од 2010 година е последната потпишана Позитивна листа на лекови од моја страна како претседател на ФЗОМ. И за жал, дури 40 отсто од лековите веќе не се на пазарот, затоа што се застарени, а во меѓувреме се направени нови современи лекови. МЗ треба да ја усогласи оваа листа со ФЗОМ. Правилникот е при крај за тоа како да се доаѓа до лекови на позитивна листа, рече Сали.
Министерот најави дека работната група е во консултации во Фондот и со сите чинители од фармацевтската индустрија.
-Практика во светот е на секои 6 месеци позитивната листа да се аптедјтира, вели Сали.