Направен е прогрес, е оценката на францускиот претседател Емануел Макрон за кревањето на ветото за Македонија од страна на Бугарија. На заедничката прес конференција со Урсула Фон дер Лајен и Шарл Мишел, Макрон ова го спомена како едно од достигнувањата на Француското претседателство со ЕУ и честита за тргањето на ветото.
-Честитки за прогресот. Ќе продолжиме со ова. Течат преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија и очекуваме да го усогласат договорот во наредните неколку дена и да се помогне за да се формализира, рече Макрон.
Тој упати благодарност до бугарскиот премиер, партиите од коалицијата и опозицијата кои гласаа за тргање на ветото.
-Тоа е прогрес во пристапувањето на Северна Македонија и Албанија кон ЕУ, изјави Макрон.
Прес конференцијата е во тек.