Најмалку 17 отсто поскапа струја во најава – тоа е понудата на ЕСМ – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/22 3:10 PM

Најмалку 17 отсто поскапа струја во најава – тоа е понудата на ЕСМ

На тендерот за набавка на струја, дистрибутерот ЕВН Хоме, како универзален снабдувач на електрична енергија, за периодот јули – декември 2022 доби понуда од АД ЕСМ, која е за 17 отсто повисока од актуелната. Во слободно толкување, тоа значи дека во новата цена на струја, само оваа ставка ќе повисока цена, која ќе ги вкалкулира и пресметаните барања од МЕПСО, која побара 68% зголемување и Електродистрибуција дури 80%. Колку од ова ќе влезе во новата цена од јули, ќе одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Конечната цена ќе се утврдува и според најавените блок тарифи.