По утринската преписка на релација МНР Бугарија – премиер на Албанија Еди Рама, попладнево нов предизвик. Рама потсетува како со претходниот бугарски премиер ги решавал отворените прашања.
„И патем, да ве потсетам, драги бугарски пријатели, дека беше потребен краток телефонски разговор со Бојко Борисов за да се реши прашањето за бугарското малцинство во Албанија на пријателски и искрен начин!. Вистинските пријатели не се повредуваат еден со друг, туку зборуваат отворено и постигнуваат резултати!“, потсети Рама на својот Твитер профил.
Тој веќе два дена е во остра опозиција со бугарските власти, а бугарското МНР неговиот тон оцени за недипломатски и потсети дека политичарите заминуваат, народите остануваат.