Летаа покриви, ветерот корнеше дрвја, села без струја – невреме во Виница – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/22 12:50 PM

Летаа покриви, ветерот корнеше дрвја, села без струја – невреме во Виница

Силно невреме проследено со ветер, електрични празнења и дожд зафати дел од Источна Македонија, а Виница и дел од населените места беа едни од најпогодените. Денеска се санираат штетите.


Последица се паднати дрвја, блокирани патишта, оштетени покриви, со големи оштетувања на електродистрибутивната мрежа се регистрирани во општина Виница.

-Веднаш по невремето екипи на ТППЕ Виница, ЈП Солидарност и Електродистрибуција излегоа на терен се со цел побрзо нормализирање на сообраќајот и санирање на електродистрибутивната мрежа. Денес екипи на ЈП Солидарност работат на отстранување на паднатите дрвја и гранки на неколку локација во градот и населените места, а Екипите на ЕВН Македонија се се’ уште на терен, соопшти градоначалникот на Виница, Миле Петков.

Од рано утринава жителите на с.Јакимово повторно имаат напојување со електрична енергија, додека жителите на с.Истибања се сеуште без електрична енергија и без вода за пиење.