Скандал на српски бизнисмен – Се вратил од пат и жена му ја затекол со друга жена во нивната спална – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/22 8:00 PM

Скандал на српски бизнисмен – Се вратил од пат и жена му ја затекол со друга жена во нивната спална

Српските медиуми објавуваат семен скандал на еден познат бизнисмен, чие име со години се наоѓа на листите за најуспешни Срби, кој доживеал љубовен бродолом.

Како што пренесува пинк.рс, кој цитира дневен весник, овој бизнисмен пред неколку дена се вратил дома порано од вообичаено, а кога влегол во својот луксузен дом имал што да види …

Неговата сопруга, атрактивна бринета, била во страсна љубовна врска со непозната за него девојка во нивната спална соба!
Извор близок до овој успешен маж објаснува дека овој бизнисмен никогаш досега не се сомневал дека неговата сакана има склоности кон ист пол, бидејќи и двајцата имаат деца од претходните бракови.

– И даде сè на тацна – јахти, најскапа облека, најскапи патувања… Едноставно покрај себе има живот од бајките, а многумина беа изненадени што таа речиси никогаш не прикачува слики со сопругот на социјалните мрежи, додека тој редовно се фали на фотографии со неа. Сепак, ништо не укажуваше на тоа дека го изневерува, а најмалку тоа да го прави со жена, единствено беше што еднаш ја поддржа Парадата на гордоста – објаснува соговорникот на почетокот на приказната.

Според добро упатен извор, откако со свои очи ја видел сопругата како орално задоволува непозната девојка, бизнисменот доживеал нервен слом.

– Ја сака таа жена како Бог! Беше подготвен за неа да го сруши целиот свет, а таа го измами на најневеројатен начин. Секогаш убаво средена, со извајано тело и совршени црти на лицето, таа многу брзо го освои. Меѓутоа, човекот сега е очаен и сите негови блиски се загрижени што ќе се случи со него. Не знае што да прави, каде да оди, како да им објасни на децата, дали повторно да и даде шанса на жената со која уживал во се… Едноставно, тој е во агонија – вели соговорникот на весникот, а пренесува пинк.рс.