Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска информираше дека ќе се зголемат платите на вработените во општината за 2800 денари. Во моментот со постојан работен однос се 340 луѓе, а дополнителен товар на општинскиот буџет ќе биде околу еден милион и 200 илјади денари.
Општина Тетово во интерес на унапредување на работничките права поголема мотивација за работа на вработените особено сега во услови на економска криза и постојан раст на трошоците за живот потпиша измени на колективниот договор во кој се врши линеарно зголемување на платите од 2800 денари. Усогласувањето се врши за сите вработени во општината освен за оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на минималната плата. Им излегуваме во пресрет на вработените и нивните барања за подостоинствен живот во ова кризно време со кое сите се соочуваме. Со мотивирани и вреднувани вработени создаваме еден работен процес кој резултира со ефикасни, подобри и поквалитетни услуги за сите граѓани, изјави Касами на прес-конференција.
Според него, Општината иако има големи долгови ќе може да исплаќа зголемени плати затоа што има повеќе наплата на даноци.
-Сме во фаза на реконструирање на општинската администрација, преку која ќе обезбедиме поквалитетни услуги за граѓани. Ќе имаме помотивирани граѓани кои ќе бидат поподготвени да ги реализираат своите обврските кон градот. Рековме дека општинскиот долг е голем но и исто така и побарувањата по основа на разни даноците во општината не беа реализирани. Затоа веќе сме во фаза во која граѓаните се поефикасни во делот на плаќање на обврските кон општината и преку тоа ќе обезбедиме средства за плаќање на платите на вработените и на зголемување на платите, изјави Касами.
Вработените во Општина Тетово деновиве се приклучија на штрајкот организиран од ССМ барајќи зголемување на платите од 2806 денари.
МИА