Дури и Путин падна на фаталната убавина на тајната агентка – Како денес изгледа Пета Вилсон или заводничката Никита – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/22 7:00 PM

Дури и Путин падна на фаталната убавина на тајната агентка – Како денес изгледа Пета Вилсон или заводничката Никита

Австралиската актерка и модел Пета Вилсон се прослави пред неколку децении по улогата на заводничка во серијата „Никита“.

Поминаа 21 година од емитувањето на оваа популарна серија, а актерката која го толкуваше главниот лик сега живее тотално поинаков живот, далеку од очите на јавноста.

Пета денес има 51 година, а одамна престана да се занимава со актерство.


Откако ја играше улогата на фатален таен агент, со бурен живот, Пета не успеа да се пробие во Холивуд. По оваа забележлива улога, со која стекна огромна популарност, актерката сними повеќе филмови, но со овие улоги не постигна значителен успех.
После тоа, таа престана да глуми во 2012 година, а кога се повлече од јавната сцена, почна да се занимава со дизајн, а започна и своја линија за долна облека. Покрај работата, таа се посвети на семејниот живот и на синот Марлоу, од врската со сценаристот Демијан Харис.

Убавата актерка ја прекина врската со Харис во 2002 година, а од тогаш речиси ништо не се знае за нејзиниот љубовен живот.

Сепак, додека беше во зенитот на својата популарност, како фатална русокоса, актерката беше поврзувана со многу познати мажи. Се шпекулираше дека таа ги завела музичарот Мик Џегер и актерот Расел Кроу.

Фото:msn.com

Исто така, како што пишуваа медиумите додека глумеше во популарната серија, славната Никита не можеше да му одолее ниту на Владимир Путин.

Извор: телеграф.рс