(галерија) Од чудење до воодушевување – Статуафест во центарот на Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/22 10:11 AM

(галерија) Од чудење до воодушевување – Статуафест во центарот на Скопје

Почна од вчера, а завршува утре, на Сквер Јадран во Скопје, се одржува шестото издание на Статуафест, насловено „Другото лице на улицата – Танго на улица“. Минувачите вчера на отворањето имаа интересна глетка, преку танцувачките двојки до уметниците кои се претопени во својата творба. Според програмата што продолжува денеска и утре најавени се настап на улични живи статуи со 7 актови и 11 учесници и уличната пантомимска театарска претстава „Проклетството на Виктор и Викторија“.

Статуафест – Другото лице на улицата „Танго на улица“, како и секоја претходна година концептуално раскажува приказни. Оваа година ќе раскажува за претворањето на Скопје во една мала, но сепак – огромна уличка сместена некаде во некој раздвижен простор во длабочините на духот на аргентинското танго, тежнеејќи да ги видиме и запознаеме оние страсни скопјани кои со сиот свој дух лудуваат по тангото “премачкани” во тој разигран уличен миг на евергрин. Расцупкани по асфалтот во ритамот кој бандеонот создавајќи ја музиката за танго ја возвишува до небесата сета енергија која како морница лази телото на тангото.

Атмосферата од галеријата:

 

фото: МИА Фросина Насковиќ