Хирата, мало село во префектурата Фукушима, Јапонија, стана познато по предизвикот за туристите да го вкусат оригиналниот исклучително зачинет сладолед од лутата пиперка Хабанеро.
Посипан со различни количини хабанеро пипер во прав – во зависност од толеранцијата на поединецот за зачинетиот вкус – овој специјален сладолед воопшто не е обичен.
Сладолед, а толку врел, што луѓето мора да потпишат документ – изјава со кој го ослободува продавачот од одговорност пред да го вкусат. Приказната за најпознатиот сладолед „хабанеро“ во Хирата датира од катастрофата во Фукушима во 2011. Пред цунамито да ја погоди областа и стравот од радиоактивност, селото никогаш немало проблеми со продажбата на зеленчук. Но, тогаш се’ се смени, никој повеќе не го купуваше нивното производство од бавчите, а мештаните почнаа да бараат нови начини да заработат за живот.
Во 2015 година, додека истражувале начини како би можеле да ги користат нивните пиперки Хабанеро, фармерите размислувале да користат зачинет зеленчук како состојка за сладолед. Идејата се исполни и сладоледот Хабанеро стана маркетинг ѕвезда.
Правењето сладолед Хабанеро не е најлесната работа на светот. Работниците носат ракавици, маски и очила додека го посипуваат деликатесот со пипер во прав Хабанеро којшто го гори јазикот. За сладоледот навистина да го добиете без пари, мора да го проголтате!
Дописник од популарното јапонско реално шоу неодамна отпатува во селото Хирата за да го проба познатиот сладолед Хабанеро и ја избра најжешката сорта. Иако на почетокот на експериментот делувал храбар и решителен, тој почнал да плаче!
Како помина новинарот на новинарската задача погледнете во видеото:
Објавено на: 06/24/22 9:21 AM