(Видео) „Прв пат сум тука ама пак ќе лудуваме“ – Фантастичен перформанс на Тајга во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/22 9:10 AM

(Видео) „Прв пат сум тука ама пак ќе лудуваме“ – Фантастичен перформанс на Тајга во Скопје

На огромна радост на армијата фанови од цел Балкан, Fusion Festival го оствари невозможното и на Стадионот на АРМ  имаше фантастичен перформанс на пионерот на современата Хип Хоп сцена – Tyga
Прв пат доаѓам во Македонија, фантастично гостопримство, фантастична публика, перфектна организација,  ветувам дека повторно ќе се дружиме и лудуваме, рече тој .

Менаџментот на TYGA дозволи комплетното шоу да се снима и во наредните денови како било ќе можат да видат сите што го пропуштија настанот.

На сцената свој перформанс имаа и нашите најдобри претставници на современата Хип Хоп сцена Irie Scrach, Dj Pancho aka Shorty P и Young Dadi и диџеј Ампов!!!