Наташа Ѓукиќ, мајката на српската инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ (21), која се самоуби пред шест месеци во својот стан во Белград, за прв пат проговори за смртта на нејзината ќерка.
Во ексклузивна исповед за српски Информер, неутешната мајка ја опишала тортурата низ која поминала интернет ѕвездата во последната година од животот.
– Кика на својот канал на Јутјуб објави видео наречено „Уф“, во кое ги повикува јутјуберите. Тоа беше почетокот на хоророт во кој се вмеша Бака Прасе. Година и пол тој и неговите обожаватели ја малтретирале и ја нарекувале „Кита“. Еднаш, еден млад човек побара да се фотографира со Кика, а по три минути Бака Прасе ја објави таа слика на Инстаграм и напиша: „Маченица ги моли луѓето да се сликаат со неа“. Хејтерите дојдоа до неа од под прозорецот и викнаа: „Курво, убиј се!“ Додека ја навредувале Кика седела во станот и ја удирала главата во ѕид! Психијатарот потоа и препишал бензедин, кој го пиела наутро и навечер – низ солзи раскажува Наташа Ѓукиќ за Инфоремер.
– Кика и Бака Прасе гостуваа заедно во една емисија. Таа била шокирана кога тој влегол во студио и и рекол: „Што, жива ли си уште, не се самоуби?“ Сакав да го пријавам него и неговите обожаватели во полиција, но Кристина не ми даде. Таа ми рече „Пушти го тоа, сите се деца, еден ден ќе сфатат дека се манипулирани“.
Мајката на починатиот инфлуенсерка за прв пат зборува за тоа што се случило во последните 24 часа од животот на Кика.
-Зборувавме на 7 декември околу 23.30 часот, таа праша дали ќе можам да и платам кирија за јануари и дали можам да земам кредит за да и купам стан… Се договоривме да се видиме следниот ден и да го прославиме мојот роденден. Следниот ден не ми одговори на пораките, но мислев дека спие. Планирав да одам кај неа, кога околу 22 часот ми се јави другарката на Кика. Таа во паника ми рече: „Кики има пена од устата“. И реков да повика брза помош и да дојде. Кога влегов во зградата на ќерка ми, наидов на лекарката од брза помош, кој ми ја кажа најстрашната вест. Таа рече: „Кика почина“. Не ме пуштија да влезам во станот, а јас улетав внатре – се сеќава Наташа и ја опишува болната сцена што ја нашла:
– Лежеше со скрстени нозе на креветот, а нозете и беа обесени … Ја фатив за стисната рака и ја галев, а потоа и по лицето. Го погледнав убавото лице на моето дете, не верувајќи дека е мртво. Кога почнав да ја милувам по вратот, крв и излезе од носот. Беше морничаво…
Кика беше српски гејмер, јутјубер и инфлуенсер чиј Јутјуб канал К1КА имаше 701.000 претплатници, додека 429.000 луѓе ја следеа на Инстаграм. Кика се самоуби на 8 декември минатата година поради тортура на социјалните мрежи.
Мајката на Кика, Наташа, вели дека не го прифаќа извинувањето на Бака Прасе! По смртта на Кика, тој снимил видео во кое низ солзи се извинува што ја прозивал инфлуенсерката, па дури и тврди дека се помириле пред нејзиното самоубиство.
-Бака Прасе ја малтретираше Кика и не го прифаќам неговото извинување, ниту знам за некакво помирување. Дури верувам дека сецкал кромид додека се извинувал на Инстаграм за да изгледа како да плаче! – вели мајката на Кика.
Мајката на Кика вели дека неодамна ги презела работите на ќерка си, но не сите:
– Нејзиниот дневник никаде го нема, таа пишуваше се во него. Телефонот се уште е во обвинителството. Многу е нејасно за нејзината смрт, чекам да заврши истрагата. Имам причина да верувам дека Кика немала намера да се самоубие …
Целиот текст може да го видите тука.