„Изгледа како да е мртовец“ – Бред Пит ги разочара фановите – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/22 9:00 PM

„Изгледа како да е мртовец“ – Бред Пит ги разочара фановите

Еден од најпосакуваните холивудски актери Бред Пит се појави на насловната страница на магазинот GQ, но фотографиите не предизвикаа воодушевување во јавноста.
Напротив, и најверните фанови се согласија дека актерот не личи на себе. Направил „чудна поза“, фотографијата има „чудни бои“, а што е најлошо, многумина истакнале дека му „фали ковчег“.
Бред Пит во едно интервју откри дека го оставил алкохолот по раскинувањето со Анџелина Џоли и дека бил трезен цели шест години. Тој откри дека една и пол година присуствувал на состаноците на анонимните алкохоличари и како се променил неговиот живот.


 

„Ги гледав и животните приказни на други луѓе кои го допреа дното и тоа е едноставно страшно за мене“, рече актерот.

На овие фотографии Бред позираше во сина кошула и виолетови панталони, а се чинеше како да лежи на цвеќиња. Се подразбира дека неговите обожаватели се згрозени, па мрежите се преплавени со негативни коментари.
„Изгледа требаше да го затворат ковчегот. Кутриот Бред“, „Изгледа како да е мртов“, „Што е ова? Да не го изгуби облогот?“, „Ужасна фотографија“, „Ова ме исплаши. Изгледа како мртовец. Размислете да ја смените корицата , „се само некои од стотиците коментари под објавата.