Постојат типови на мажи на кои флертувањето со понежниот пол едноставно им е во крвта. Тој маж го забележува секоја жена и не само што ќе го забележи, туку тој со неговата харизма успева да го задржи нејзиното внимание.
Совршениот маж го красат некои манири, кои не можете да ги препознаете кај секој припадник од машката популација, но дали тие манири ги поседува вашиот партнер?
ФЛЕКСИБИЛЕН
Совршениот маж не дозволува било што да го изненади, секогаш е подготвен достоинствено да се носи со секоја ситуација, дури и со онаа непредвидената.
СЕРИОЗЕН
Подготвен е на својата жена да и покаже дека таа е на прво место. Таа едноставно има поткрепа и поддршка во секој момент и затоа е до уши заљубена во него.
СИГУРЕН Е ВО СЕБЕ
Ако е свесен за своите квалитети, тој едноставно е магнет за женските погледи. На жените многу им е важно да бидат до маж, кој е сигурен во себе така што тие нема да имаат причина да се сомневаат во својот избор.
ПОДГОТВЕН Е ДА ЈА ПРИФАТИ ВИНАТА
Многу мажи поради гордост едноставно нема да признаат за својата вина, а вистинскиот маж без проблем ќе каже дека е крив и дека му е жал. А на една жена, некогаш тоа и е сосема доволно.