„Се уште го чекаме Годо, навикнати сме на оваа шарада“ – Рама и Ковачевски насмеани од Брисел – ММС
ММС

Објавено на: 06/23/22 2:08 PM

„Се уште го чекаме Годо, навикнати сме на оваа шарада“ – Рама и Ковачевски насмеани од Брисел

Навикнати сме на оваа шарада, порача на твитер албанскиот премиер Еди Рама, познат по својот специфичен стил на изразување со ироничен тон, како коментар на фотографија на која е сликан заедно со премиерот Димитар Ковачевски.
-Сè уште го чекаме Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога било сме посветени да ја поттикнеме модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух, твитна Рама под заедничката фотографија снимена во Брисел каде заедно со Ковачевски учествуваат на самитот ЕУ-Западен Балкан.


Претходно, денеска на пред почетокот на самитот Рама изјави дека е срамно што една земја членка на НАТО – Бугарија, киднапира две други земји членки на НАТО – Албанија и Северна Македонија во време на жестока војна во дворот на Европа. Тој истакна дека Албанија не се чувствува како жртва на овој процес, бидејќи како што нагласи, секогаш ќе има по некоја Бугарија „овде или онде“ што може да блокира.