Музеј на марихуаната отворен во Лас Вегас – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/18 2:43 PM

Музеј на марихуаната отворен во Лас Вегас

Во Лас Вегас отворен е музеј на марихуаната, а во него ќе бидат изложени експонати како што се стаклен „бонг“ и вештачки пупки од марихуана.

Посетителите ќе можат од таму да си заминат со некој факт повеќе за канабисот и со по некоја фотографија која може да ја споделат на социјалните мрежи.

Но никому нема да му биде дозволено да запали џоинт, затоа што во Невада е забранета употребата на опојни дроги на јавно место.

Целта на музејот на марихуана е да се дестигматизира употребата на марихуана, изјавил основачот Џеј Џеј Вокер.

Музејот ќе ги прими првите посетители речиси 15 месеци откако возрасните лица во Невада добија право да купуваат марихуана за рекреативни цели и приватно, а продажбата досега ги надмина своите очекувања.