Бугарскиот премиер Кирил Петков увери дека ќе остане на зборот и одлуката за Северна Македонија ќе ја остави на парламентот и се понадева дека Националното собрание на Бугарија ќе донесе одлука за ова прашање што е можно поскоро.
-Францускиот предлог за Република Северна Македонија е многу добар. Не смееме да го пропуштиме, рече Петков
Премиерот во оставка ја коментираше и вчерашната прес-конференција на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој јавно на прес конференција за повика бугарската влада да го укине ветото за Македонија.
-Не може да се излезе на телевизија, да се удирате во гради па да ја блокирате комисијата. Ова лицемерие е карактеристично за него. Ако Бојко Борисов сака да изгледа како нормален поранешен државник, нека оди на комисија и нека има нормална дискусија, рече Петков, кој го коментираше и ставот на претседателот Радев за Македонија.
-Претседателот не може да не го свика ЦСНС и да се крие од различни места и да каже кој што треба да прави. Да беше човек на лице место, ќе го свикаше ЦСНС. Уморен сум од кукавици“,рече премиерот во оставка.