Со оглед на тоа дека трендовите се менуваат од сезоа до сезона, затоа големи пари треба да вложите во класични парчиња за кои сте сигурни дека нема да излезат од мода. Од друга страна пак постојат многу модни парчиња за кои не треба да давате многу пари затоа што веќе следната сеозна може потполно да се заборават.
Ви носиме три модни додатоци за кои не треба да платите многу затоа што и онака ќе ви бидат потребни само за една сезона:
Костим за капење
Кроевите и дезените на костимите за капење никогаш не се актуелни подолго од една сезона, а освен тоа сонцето и солената вода, многу брзо ги унишува па веќе следното лето ќе мора да купите нов костим за капење, затоа бидете економични.
Тренди модни додатоци
Кога се во прашање модните додатоци, трендовите се менуваат на неколку месеци. Секако најдобро е својата колекција да ја дополните со нешто ново, а достапно за вашиот џеб модели, и секогаш да бидете подготвени за враќање на некој моден тренд. Доколку дадете повеќе пари за едно парче кое ќе го носите само неколку месеци во еден момент може да ви биде жал.
Маички со необични кроеви
Секоја сезона нов крој на маички стануваат апсолутен хит. Убаво би било секоја сезона да купувате по еден модел, но најдобро би било да ги купувате на сезонски попусти.