Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов на прес конференција рече дека ги прашал пратениците на партијата дали му веруваат за „да го поддржам предлогот, ако се осмели овој страшливец и лажго Петков, ќе има поддршка од 59 пратеници и зелено светло на РСМ и Албанија“
Борисов на оваа прес-конференција повика веднаш да се свика Министерскиот совет, да се даде предлог и да се достави до Народното собрание.
-Верувам во Макрон, верувам во ЕУ. Сè што е добро во Бугарија доаѓа од ЕУ. ЕУ и НАТО во моментов бараат проширување со Западен Балкан. ГЕРБ го започна овој процес. Петков ќе оди во Советот на ЕУ и ќе каже дека некој му пречи. Петков ќе се крие и ќе се плаши додека ГЕРБ не ја заврши работата. Ние знаеме како да се грижиме за нашата работа. Француското претседателство ја направи најдобрата рамка и не може да биде подобра, рече меѓу другото тој и додаде дека ГЕРБ е создадена како партија за евроспко развивање на Бугарија.
Погледнете ја целата прес конференција:
По оваа прес конференција на социјалните мрежи се појавија снимки во живо пред домот на Борисов, каде протестирале претставници на ВМРО, предводени од Ангел Џамбаски.