Вим Ал Дакхил е првата жена презентер на главните вести на државната телевизија Ал Саудија во Саудиска Арабија, пренесува Си ен ен. Таа влезе во историјата појавувајќи се на малите екрани во улога на презентер на вести заедно со својот колега.
Социјалните мрежи беа преплавени од бројни честитки до новинарката и укажуваа на фактот дека за конзервативната земја како што е Саудиска Арабија каде жените дури ова лето добија можност да возат автомобил ова е многу важен чекор.
Пред овој ангажман, Ал Дакхил работела како новинарка за Си-ен-би-си Арабија и како водителка на Ал-Арап њуз канал од Бахреин.
Телевизиската програма Ал Саудијa, каде што ја доби историската можност да работи како водителка, првично се викал Сауди ТВ канал, а станува збор за државна телевизија која се наоѓа под тамошното министерство за култура и информации.