Авион со повеќе од 100 патници се урна вчера на аеродромот во Мајами, откако опремата за слетување престанала да работи кога требало да слета.
Авионот поминал низ мала зграда и низ комуникациската кула, лизгајќи се на долниот дел, пред да се запали.
ATC AUDIO – https://t.co/logj0TLMBN
HI1064 Red Air Plane Crash Miami Airport Florida pic.twitter.com/8OAKTtTsq6
— FSX Aviation (@FSXAviation3) June 22, 2022
Во авионот имало 126 патници и 11 членови на екипажот. Тројца од нив завршиле во болница. Федералната асоцијација за авијација (ФАА) објави дека опремата за слетување не работела правилно.
Авионот е дел од флотата во сопственост на Ред Ер, компанија основана минатата година во Доминиканската Република, пишува Дејли Мејл.
Plane crash just a few minutes ago at Miami airport caught on camera! (Credit: @PTZtv ) pic.twitter.com/2CimvMhcUy
— WeatherGamer21 (@WeatherGamer21) June 21, 2022
„Паника, речиси паника. Тоа беше всушност ужасно искуство, но како што реков, се чувствував безбедно“, изјави патникот Бало Делгадо за CBS Miami.
Close-up video of passengers getting off the plane | #ONLYinDADE pic.twitter.com/o3YyMU9mgx
— ONLY in DADE (@ONLYinDADE) June 22, 2022
„Во еден момент тоа се случи, а во друг низ прозорецот можеше да се види како полицијата си ја врши работата.
Противпожарните екипи брзо пристигнале на местото на настанот. Тие излегле на терен само една минута по слетувањето на авионот, во 17.38 часот и почнале да го полнат запаленото крило на авионот со противпожарни апарати. Портпаролот на аеродромот во Мајами рече дека падот ќе влијае на другите летови
– Мислев дека ќе умрам. До мене имаше еден постар човек, го прегрнав. Беше ужасно – изјави Паола Гарсија за CBS Miami.