Повозрасна штипјанка нападната во својот дом од маж кој се обидел да ја силува – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/22 11:48 AM

Повозрасна штипјанка нападната во својот дом од маж кој се обидел да ја силува

Во штипската полиција вчера 69-годишна жена пријавила обид за обљуба од лице кое дошло во нејзиниот дом.

-На 21.06.2022 во 19.30 часот во СВР Штип, 69-годишна жена од Штип пријавила дека на 19.06.2022 околу 16.00 часот едно лице дошло во нејзиниот дом, физички ја нападнало и се обидел да изврши обљуба врз неа, соопшти СВР Штип.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.