(видео) Најмалку 250 луѓе загинаа во силен земјотрес во Авганистан – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/22 8:36 AM

(видео) Најмалку 250 луѓе загинаа во силен земјотрес во Авганистан

Според досегашните информации, најмалку 250 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтер во источен Авганистан, соопштија властите. Новинската агенција Бактар соопшти за 280 жртви. Епицентарот бил на околу 44 километри од градот Хоста на југоистокот на земјата, на длабочина од 51 километар.
-Повеќето од потврдените смртни случаи се регистрирани во провинцијата Пактика, изјави Мохамад Насим Хакани, шеф на управата за управување со катастрофи на талибанската влада.
Земјотресот е почувствуван на околу 500 километри во Пакистан, Авганистан и Индија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).