(Видео) По два века потона најпознатиот ресторан на вода – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/22 8:02 AM

(Видео) По два века потона најпознатиот ресторан на вода

Познатиот гигантски пловечки ресторан во Хонг Конг се преврте во Јужното Кинеско Море, неполна недела откако беше извлечен од градот, соопшти во понеделникот компанијата “Aberdin restoran entreprajz”.

Ресторанот „Џамбо“, како што се наведува, наишол на „неповолни услови“ при минување покрај островот Сиса (Параселските острови). Водата навлегла во пловилото долго 80 метри, кое почнало да се превртува во саботата, објави „Ју-Ес-Еј тудеј“.

Од компанијата истакнаа дека нема повредени, но дека не успеале напорите да се спаси пловечкиот ресторан. Тој на крајот се превртел.
„Многу сме тажни поради овој инцидент“, велат од компанијата, додавајќи дека поради длабочината на водата од преку еден километар, било тешко да се зачува ресторанот.
Поради актуелната ситуација, како што се посочува, „Џамбо“ ќе ги прекине услугите, соопштено е во понеделникот.

„Џамбо“ се состои од пловечки ресторани и „Таи Пак“ кои се наоѓале во пристаништето Абердин во Хонг Конг.
Кралството Џамбо е добро позната туристичка атракција која ја посетуваат голем број познати личности, меѓу кои британската кралица Елизабета, актерот Том Круз и над 30 милиони други гости, соопшти компанијата.