„Што ќе правиме таму? На крајот да слушнеме- не, простете ни“ – Еди Рама за самитот на ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/22 6:28 PM

„Што ќе правиме таму? На крајот да слушнеме- не, простете ни“ – Еди Рама за самитот на ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама го доведе во прашање учеството на Албанија на Самитот на Европската унија, што ќе се одржи на 23. и 24 јуни во Брисел, јави дописничката на МИА од Тирана.

Преку реакција на Твитер, тој наведува дека разговарал со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и додава дека гледа „не“ на крајот од Самитот.

Засега не се знае дали ќе учествува на Самитот, но на крајот пишува „што треба да правам таму“.


– Денеска долго разговаравме за Самитот на ЕУ, со лидерите на Србија и Северна Македонија. Се чини дека уште едно „Не, простете  ни!“ ќе биде она што ќе го слушнеме на крајот. Целата Унија киднапирана од Бугарија не е добар спектакл за гледање. Што ќе правиме таму?“, пишува Еди Рама.

МИА