(Видео) Мажите лудуваа по нејзините гради – Саманта Фокс викендов се омажила со партнерката – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/22 9:00 PM

(Видео) Мажите лудуваа по нејзините гради – Саманта Фокс викендов се омажила со партнерката

Mажите од цел свет паѓаа во несвест по нејзините гради, го тетовираа нејзиното име, ја посакуваа, но таа во 2003 година јавно призна дека всушност ја привлекуваат жени.
Британската пејачка и модел Саманта Фокс (56)  беше секс симбол и сон на секој маж, а во саботата се омажи за партнерката Линда Олсен.
Саманта и Линда се во врска долги години. Партнерката на пејачката има два сина, а приватниот живот го чува во строго.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @samanthafoxofficial


Сепак, папараците успеаја да ја „фатат“ невестата Саманта пред таа да влезе во просторот каде што се одржа церемонијата во бела венчаница.
Фокс почна да ја гради својата кариера на само 16 години кога почна да позира топлес за британскиот таблоид Сан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @samanthafoxofficial

Иако не беше за модните писти бидејќи е висока само 153 сантиметри, фотогеничната тинејџерка можеше да се пофали со своите мерења 90-60-90 (без хируршки интервенции), па набрзо стана успешен професионален модел. Откако се проби на британската сцена со топлес слики во Сан и Плејбој, таа го покажа и својот талент за пеење.
Во 1986 година, Саманта го издаде својот деби-сингл „Touch Me“, кој брзо стана хит и заврши на првото место во 17 земји.

Таа долго време беше во врска со нејзината менаџерка Мајра Стратон додека за жал не почина од рак во 2015 година. По четири години среќата ја нашла со Норвежанката Линда.

Извор: 24sata.hr

Фото: Инстаграм