Деветмина мажи беа обесени во Иран поради силување на жена, соопшти денеска иранскиот весник „Арман дејли“.
Мажите упаднале во вилата на жртвата во јужната провинција Фарс и ја силувале.
Откако Врховниот суд на Иран ја потврди пресудата изречена на почетокот од месецот, деветмината монструми биле обесени. Иранскиот весник пишува дека жената го повлекла обвинението, но властите сепак одлучиле да ја спроведат казната.