Кога ќе дојде лето, многумина имаат проблеми со спиењето. Наместо да спиете со вклучен клима уред или со вентилатор, што и не е баш препорачливо, експертите имаат поздраво решение.
„Кога навечер ќе се опуштиме, телесната температура паѓа за околу еден степен и ни дава знак дека е време за спиење. Секако дека е потешко тој пад на температурата да се постигне кога надвор е топло. Затоа луѓето се мачат кога се актуелни летните горештини“, вели докторот Дејвид Ли. Според него, топлината влијание на ослободувањето на мелатонинот, хормонот поради кој се чувствуваме уморно. Сепак, постојат начини кои може да ни помогнат да заспиеме дури и кога температурите се претерано високи.
Останете хидрирани, но не претерувајте
Сите знаеме дека е важно да се пие доволно вода кога е топло. Дехидратацијата меѓу другото, може да го попречи сонот. Обидете се да избегнете прекумерно конзумирање вода два часа пред спиење, бидејќи полната бешика ќе ви попречи во спиењето – советува д-р Ли, додавајќи дека наместо тоа, треба да внесувате течности во текот на целиот ден за да останете хидрирани.
Истуширајте се пред спиење
Кога ќе почнат летните горештини, луѓето би требало да избегнуваат да тренираат пред спиење, бидејќи тоа може да биде контрапродуктивно.
„Вежбањето ќе ја зголеми температурата на вашето тело. Вежбајте наутро и така ќе му дадете доволно време на вашето тело за да се излади“, вели експертот за спиење, Семи Марго.
На вашето тело ќе му годи туширањето со млада вода пред спиење, додава експертот.
Спијте без пижами или во пижами од 100 проценти памук
Стручните лица велат дека ова е најдобриот совет за спиење кој може да го понудат кога станува збор за топлите летни ноќи. Идеално е да спиете без облека, но некои луѓе не го можат тоа, па најдобра опција е да спиете во пижами од 100 проценти памук.
Пронајдете совршена положба за спиење
Независно дали спиете сами или го делите креветот, спиењето на грб е најдобар избор кога е топло. Ако спиете со партнерот, дајте си простор еден на друг и користете посебенки прекривни за да ви биде полесно да се носите со високите темепратури.
Извор: rs.n1info.com