447 мигранти од Северна Африка денеска се спасени до Средоземното Море од страна на шпанската крајбрежна стража.
Во близина на јужниот шпански брег пресретнати од страна на припадници на Шпанската поморска служба биле 15 мали чамци со кои се превезувале 447 мигранти.
Само годинава починале речиси 300 мигранти кои се обиделе преку вода да стигнат од Африка до Шпанија, а над 1600 загинале обидувајќи се да го поминат Средоземното Мпре, стои во податоците на Обединетите нации.
Шпанија е мета на мигрантите, зголемен е бројот на мигратни кои пристигнуваат во оваа земја. Со тоа се отежнува работата на јавните служби, а шпанската Влада се соочува со притисоци откако Италија одби да ги прими чамците со мигранти спасени на море.