Летото метеоролошки започна на 1 јуни, календарски денеска – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/22 2:02 PM

Летото метеоролошки започна на 1 јуни, календарски денеска

На 21 јуни, на северната полутопка започнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната полутопка пак, ќе биде најкраткиот ден (зимски солстициум).
Овој ден е познат уште и како долгоденица за жителите на северната и краткоденица за жителите на јужната полутопка. Наредниот ден, деновите ќе почнат да се скратуваат, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа се до зимскиот солстициум (краткоденица) на 21 декември. Поради закривеноста на Земјата, должината на најдолгиот ден и најкратката ноќ се различни за секое место, одејќи од екваторот кон половите.
Летото по македонско време почнува во среда 21 јуни во 11 часот и 13 минути, а завршува во петок на 23 септември во 03 часот и 3 минути.
Летото ќе трае 93 дена, 15 саати и 49 минути. Метеоролошкото лето започна на 1 јуни и ќе трае до 31ви август.