Социјалната изолација ја менува структурата на нашиот мозок – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/22 9:00 PM

Социјалната изолација ја менува структурата на нашиот мозок

Зошто сме меѓу толпа луѓе на фестивали, јубилеи и други јавни настани? Научниците сметаат дека човечкиот мозок посебно еволуирал да ги поддржи социјалните интеракции. Студиите покажуваат дека припадноста на одредена група може да ја подобри нашата благосостојба и да не направи позадоволни.

За жал, многу луѓе се осамени или социјално изолирани.  Иако човечкиот мозок навистина еволуирал за социјална интеракција, би требало да се очекува дека тоа значително може да влијае на него – пишува The Conversation.

Неодамнешна студија пак, објавена во списанието Neurology, покажува дека социјалната изолација е поврзана со промени во структурата на мозокот и може да го зголеми ризикот од деменција кај повозрасните луѓе. Веќе постојат многу студии кои ја поддржуваат хипотезата за социјалниот мозок. Научниците сакале да видам како социјалната изолација влијае на сивата материја, па поради тоа тие направиле истражување во кое вклучиле податоци од речиси 500.000 луѓе со просечна старост од 57 години. Луѓето биле класифицирани како социјално изолирани ако живееле сами, имале помалку социјални контакти на месечно ниво и помалку учествувале во социјални активности на неделно ниво.

Социјалната изолација треба подетално да се испита со нови студии во иднина за да се утврдат точните механизми зад нејзините длабоки ефекти на нашиот мозок. Но јасно е дека ако сте изолирани, можеби страдате од хроничен стрес. Ова не само што влијае на мозокот, туку може да има влијание и врз вашето физичко здравје. Доколку не се вклучуваме редовно во социјални активности, тоа ќе се одрази врз когнитивните процеси, што значи дека ќе дојде до намалување на вниманието и концентрацијата. Со самото тоа, ќе се намали нашата способност да извршуваме сложени когнитивни задачи, затоа што вниманието е пресудно за сложеното когнитивно размислување воопшто.

Борба против осаменоста

Сетот на вештини на размислување во текот на животот, наречени „когнитивна резерва“ може да се изгради со одржување на вашиот мозок активен. Добар начин да го направите тоа е да учите нови работи, како што е учењето друг јазик или пак можеби, учењето да свирите на некој музички инструмент. Се покажало дека когнитивната резерва го подобрува стареењето, на пример може да ве заштити од бројни болести или од пореметувања поврзани со менталното здравје. Постојат и елементи на животниот стил кои може да ја подобрат вашата благостостојба, а кои вклучуваат здрава исхрана и вежбање.  Социјалната интеракција е исклучително важна. Тешко е да се дискутира за фактот дека луѓето се социјални суштества и уживаат во поврзувањето со другите, без оглед на возраста. Но, како што сѐ повеќе се открива, тоа е клучно и за менталното здравје.