Синот на милијардерот, Илон Маск вчера поднесе документи за целосно менување на идентитетот, со цел да се дистанцира од својот татко.
Ксавиер Александар Маск, кој има и близнак Грифин, наполни 18 години во април. Релативно кусо по роденденот, Ксавиер поднел барање до Врховниот суд на Калифорнија во округот Лос Анџелес, за промена на името во Вивијан Џена Вилсон. Во барањето, бара и полот да му се признае како – женски.
Како причина за барањето, се наведува дека Ксавиер повеќе не го прифаќа „родовиот идентитет и фактот дека повеќе не живеам или не сакам да бидам поврзан со мојот биолошки татко на кој било начин, облик или вид”. Илон Маск, пак, е виден како го напушта Федералниот суд во Лос Анџелес, каде што возвратил поднесувајќи тужба за клевета.
Илон Маск се ожени со канадската писателка Џастин Вилсон во јануари 2000 година. Во 2002. таа го роди Невада Александар Маск, кој почина од синдром на ненадејна смрт на доенче, на само десет недели. Во април 2004., Вилсон ги роди близнаците Грифин и Ксавиер. Маск и Вилсон се разведоа во 2008 година.
Илон Маск во минатото беше критикуван за трансфобија.
МИА