Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, по вчерашните пишувања на медиумите дека ќерка му Уна од сеф му земала 20.000 евра за да купи автомобил на нејзиниот дечко, демантираше дека такво нешто се случило.
Тој за УНА ТВ рекол дека тоа е лага и дека неговиот првен тим ќе ги превземе сит мерки за да ја заштити приватноста на семејството.
-Не е точна веста дека во куќата исчезнале пари, за кои е обвинета Уна. Тоа е апсолутна лага, семејството Чолиќ претрпе неизмерна штета“, изјавил Здравко Чолиќ за Уна.
Адвокатскиот тим на пејачот апелира до медиумите да не учествуваат во креирањето на „неточни информации кои во преден план ставаат незаштитени поединци и лица кои не се јавни личности, а тоа во случајов е ќерката на Здравко Чолиќ“.
„Посочуваме дека веста за наводното исчезнување на парите во куќата на Здравко Чолиќ е апсолутна лага. Сите медиуми кои ја пренесуваат веста без претходна проверка ќе бидат санкционирани со сите расположливи правни средства. Здравко Чолиќ никогаш не комуницирал со медиумите во оваа начин, сепак кога се работи за семејството мора де се почитуваат одлуките за приватност, земајки ги в предвит сите морални и човечки кодекси. Пласирајки ги информациите новинарите сигурно ја зголемиле читаноста, но нанесоа немерлива штета на семејството Чолиќ, ја излажаа јавноста во Србија и земјите во регионот, соопштиле од адвокатскиот тим на Здравко Чолиќ.