Цената на лебот во Хрватска скокна за околу 50 отсто во однос на лани.
РТЛ неодамна објави информација дека векна од 600 грама леб во една пекара на Брач чини дури 2,52 евра.
По таа приказна, револтиран читател денеска го контактирал порталот Далмација, кој платил 2,39 евра за 465 грама леб, исто така во пекара на Брач. Тој пресметал дека килограм од истиот леб ќе го чини 5,18 евра, пренесува порталот Индекс.
За споредба, во месарница во Долац, во Сплитско-далматинската жупанија, за таа цена може да се купи килограм свински котлети или килограм свински ребра, се наведува во информацијата.
„Да не има злато во тестото“, коментираат луто граѓаните